Формула 1
Ферстапен ја освои „Сузука“, Ред Бул стигна до шеста конструкторска титула!
Формула 1 експертите почнаа да се сомневаат во перформансите на Ред Бул после само еден лош викенд во Сингапур, но само една седмица подоцна, ситуацијата изгледа идентично еднострана како што беше и цела досегашна сезона.
Макс Ферстапен уште на вчерашните квалификации ги затна устите на критичарите со доминантното возење, а идентично брутално темпо наметна и денеска за нова победа на „Сузука“.
Актуелниот шампион ита кон трета титула во својата Ф1 кариера, но од друга страна, денешната победа беше доволна за да ја осигура конструкторската титула за неговиот Ред Бул.
Овој тим стигна до своето шесто конструкторско признание кое посебно се цени во „најбрзиот циркус“, а одбраната на оваа титула е само доказ дека Ред Бул е недопирлив за конкуренцијата овие две сезони.
Што се однесува до денешната трка, Мекларен како тим го потврди добриот викенд и двајцата возачи завршија зад Ферстапен, но со изменет распоред во однос на вчера. Ландо Норис заврши втор, а Пјастри се задоволи со искачување на пиедесталот.
Ферари одново имаше подобар ритам од Мерцедес, но сепак Луис Хамилтон успеа да заврши меѓу двајцата возачи на овој тим, односно беше петти зад Леклер, а пред Саинц.
Бодови во Јапонија освоија уште Расел, Алонсо, Окон и Гасли.
-
Шпанија20 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија18 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Македонија21 час
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија17 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија20 часа
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија22 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Репрезентација22 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа
-
Англија17 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот