Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен ја има пол позицијата пред завршната битка со Хамилтон (ВИДЕО)

Објавено

на

Холанѓанецот Макс Ферстапен ќе тргне од пол-позицијата на утрешната последна трка во Ф1 шампионатот за Големата награда на Абу Даби.

Возачот на Ред Бул беше најбрз на денешните квалификации што значи ќе влезе со мала предност на завршната битка со актуелниот шампион Луис Хамилтон кој пак заврши на втората позиција што дефинитивно е гаранција дека утре не очекува вистински спектакл.

Од вториот ред ќе стартува Ландо Норис кој направи изненадување и денеска извози трето најдобро време, додека четврти е Серхио Перез.

Од петтото до десеттото место се Саинц, Ботас, Леклер, Цунода, Окон и Рикардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни