Поврзете се со нас

Свет

Фергусон: Само еден натпревар ме натера да помислам за враќање на фудбалот

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Сер Алекс Фергусон се повлече од тренерските води во 2013-та година и стави крај на една богата и незаборавна кариера, но сега открива дека само еднаш посакал да се врати блиску до фудбалската клупа во изминатата деценија.

Популарниот Ферги потенцира дека најтешко било во месеците кога реши да се пресели во вип ложите на фудбалските стадиони ширум светот, со напомена дека добил желба да се врати само за време на финалето во Лигата на шампионите кое го играле Реал и Атлетико во Лисабон.

– Решив да се пенизонирам поради тоа што сестрата на мојата сопруга Кети беше на смртна постела, немав дилеми дали треба да се повлечам. Откако се пензионирав, се сеќавам дека ја однесов Кети на финалето во Лигата на шампионите наредната година.

– Реал Мадрид играше против Атлетико, тоа е прв и единствен пат кога реков, ми недостасува ова. Само тогаш добив желба да се вратам на клупата. По натпреварот отидов да го видам Роналдо, исто така и Анчелоти. Сите играчи на Реал дојдоа да се поздрават со мене и тоа беше навистина убав момент.

– Тоа беше единствениот пат кога си реков на себеси „ми недостасува ова“, ми недостасува вака голем меч, – открива Ферги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни