Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд со прогноза за Нуњез: Сака да се бори, тој ќе биде…

Објавено

на

Дарвин Нуњез имаше добри и лоши моменти на пресметката со Ајакс во Лигата на шампионите, но она што е најважено е дека неговиот Ливерпул издвојува убедлив триумф од 3-0 со кој во завршната рунда ќе има можност да се бори за првото место со Наполи во групата А.

Напаѓачот во Амстердам промаши чист зицер во првиот дел, меѓутоа потоа одлично погоди со глава и на некој начин се извади за вистински момент, односно тој погодок треба да му помогне да ја крене самодовербата, формата.

Дарвин со „утка на денот“ упропасти страшна акција на Ливерпул (Видео)

Рио Фердинанд како стручен аналитичар имаше што да каже за него и воедно даде прогноза за тоа што во иднина може да се очекува од скапото летно засилување на „црвените“.

-Имаше и добри и лоши моменти за него. Имаше малку рамнодушна ноќ. Има моменти со него кога само си ја чешате главата, но потоа постигна гол за што всушност и сте го купиле. Работата со него е дека секогаш се обидува да влезе во шеснаесетникот и да постигнува голови, главата никогаш не му паѓа, тој е истраен, сака да се бори. Тоа е дефинитивно плус, го сакате тоа во вашиот тим.

-Никогаш нема да биде најчист од напаѓачите, но ќе биде ефикасен напаѓач на долг рок, ефективен напаѓач кој постигнува голови во овој фудбалски клуб. На дефанзивците ќе им биде тешко да играат потив него, ќе им зададе многу главоболки, -пораа Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни