Поврзете се со нас

Свет

Фердинанд откри како бил посрамотен од Бускетс во големото финале во ЛШ: Никогаш не сум се почувствувал така

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Златната генерација на Барселона освои две титули во Лигата на шампионите, а двете дојдоа во финалиња кои ги играа против ист тим, односно англискиот великан Манчестер Јунајтед.

Тимот на Пеп Гвардиола триумфираше во 2009-та и 2011-та година и без проблеми се справи со „ѓаволите“ на двата меча, но посебно доминантни беа на вториот на кој момците на Сер Алекс Фергусон се чувствуваа навистина немоќно.

Рио Фердинанд во повеќе наврати има говорено за недостигот на решенија во споменатото финале, но сега откри дека бил брутално истролан и од Серхио Бускетс во самата завршница од мечот кој заврши 3:1.

– Се сеќавам на еден дуел со Серхио Бускест во самата завршницата на мечот. Тие победуваа, а јас му ја одземав топката после еден пожесток дуел.

– Му ја одземав топката, а судијата свирна и досуди нешто. Тогаш, Бускетс се сврте кон мене и ми се обрати „Ти и Видиќ само ги рогате топките, испраќате само долги топки“….. Ми дојде да се смеам, но бев навистина засрамен. Никогаш не сум бил така засрамен на еден фудбалски терен, – открива Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни