Поврзете се со нас

Свет

Фер-плеј на дело: Судијата покажа на белата точка, Роналдо ја поништи погрешната одлука и ги воодушеви противниците (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Ал Наср е сигурно прв во совјата групата во арапската Лига на шампиони, па денеска можеше да си дозволи и кикс во дуелот со Персеполис.

Противникот од Иран гостуваше во Ријад и успеа да освои еден бод во натпревар на кој не видовме ниту еден гол, но на кој сепак видовме една уникатна сцена.

Имено, Кристијано Роналдо се избори за пенал уште во 2-та минута од мечот, но иако судијата покажа на белата точка, Португалецот беше максимално коректен и покажа дека фер-плејот е жив.

Најголемата ѕвезда на Ал Наср брзо го увери судијата дека намало контакт за пенал и дека не треба да има најстрога казна, па ова видео од Португалецот брзо почна да се шири на социјалните мрежи.

За негова несреќа, Кристијано доживеа мала повреда на грбот и мораше да биде изваден од игра во 78-та минута, кога своето место му го отсапи на Маран.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни