Поврзете се со нас

АТП

Федерер: Му посакувам се најдобро на Надал, се надевам дека Ѓоковиќ…….

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Рафаел Надал го најави своето враќање во Бризбејн и тоа е одлична вест за сите тениски фанови, вклучувајќи го и неговиот најголем ривал во тениската кариера, Рожер Федерер.

Швајцарецот низ текот на годините успеа да изгради пријателски однос со Шпанецот и му посака се најдобро во 2024-та година, но при последното јавно обраќање издвои неколку реченици и за светскиот рекет број еден.

Не е никаква тајна дека Федерер има многу поладен однос со Новак Ѓоковиќ, но тениски гледано, смета дека најдобро за спортот ќе биде доколку Ноле успее да игра уште некое време.

– Имав навистина голема среќа што играв против нив двајца по 40 или 50 пати, имам многу спомени од мечевите со Надал и Ѓоковиќ. Тоа беа големи мечеви и тешки битки. Многупати имам одговарано на прашања за нив и можам да кажам само убави зборови. Беше извонредно да се дели теренот со нив толку многу години.

– Се надевам дека Рафа ќе се врати силен како што посакува следната сезона, а се надевам дека Ѓоковиќ ќе може да игра онолку колку што сака. Добро е за тенисот се уште да има такви активни играчи, – изјави Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни