Поврзете се со нас

АТП

Фантастичниот Ѓоковиќ го преслуша Синер за рекорд и ново финале на Вимблдон

Објавено

на

foto:twitter.com/Wimbledon

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на овогодинешното издание на Вимблдон-најпрестижниот тениски грен слем.

Ѓоковиќ го преслуша 15 години помладиот Јаник Синер со 3-0 во сетови со 6:3, 6:4, 7:6 (4) по скоро три часа игра на централниот терен. Ова за Новак е исторско и рекордно 35. грен слем финале во кое ќе има шанса да дојде до петтата титула во низа на Вимблдон и со тоа да го изедначи рекордот на Рожер Федерер (8).

Вториот светски рекет во првите два сета постојано беше чекор понапред од Италијанецот, додека во третиот мораше повеќе да се бори, да спаси две брејк и сет топки во десеттиот гејм, па преку тајбрејк да дојде до конечен триумф.

Негов завршен ривал ќе биде победникот од мечот Данил Медведев-Карлос Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни