Поврзете се со нас

Светски првенства

Енрике за играчот кој најмногу го изненадил на СП: Тој е Хари Потер

Објавено

на

Шпанија беше елиминирана во осминафиналето на Светското првенство, резултат поради кој фудбалската федерација на оваа земја одлучи да се раздели со селекторот Луис Енрике.

Енрике имаше желба да остане, но одлуката не зависеше од него што во случајот значеше негова смена и назначување на Луис Де Ла Фуенте кој долго време работеше со младите категории, селекциите до 19, 21 и 23 години.

Популарниот Лучо своето прво јавно обраќање по отказот го имаше во разговорот со Ибаи Ланос, разговор во кој отворено говореше на доста теми. Тој воедно посочи дека еден играч многу го разочарал, но во исто време директно го кажа името на оној што го импресионирал, најмногу го изненадил на Мундијалот.

-Педри е Хари Потер. Како ја контролира топката, физички е ѕвер. Дури и во тешки моменти. Ме потсетува на Андрес Иниеста. Тој е играчот кој најмногу ме изненади на Светското првенство, -рече Енрике.

Енрике се отвори: Не би земал еден играч во Катар, полуфиналистите не се подобри од нас

Луис Енрике со прво интервју во јавноста по добиениот отказ: Првпат ми се случи вакво нешто

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни