Поврзете се со нас

Светски првенства

Енрике: Барав од играчите да шутнат по 1000 пенали

Објавено

на

Шпанија утре се соочува со Мароко во претпоследниот меч од осминафналната рунда на Светското првенство, а во пресрет на истиот селекторот на „црвената фурија“ Луис Енрике имаше една изјава со која одново го свре вниманието кон себе.

Една од опциите е оваа битка да биде решена на пенали, па Енрике обелодени дека побарал од неговите играчи во изминатиот период да вежбаат удари од 11 метри.

-Пред повеќе од една година им реков на играчите: Имате домашна задача пред Светското првенство, мора да изведете најмалку илјада пенали во вашите клубови. Не можете да вежбате пенали само кога сте во репрезентација.

-Голманот е клучен во пенал рулетот. Сите тројца наши голмани добро бранат пенали. Имаме подготвени фудбалери кои добро изведуваат пенали. Тоа е момент на голема напнатост каде што треба да ги опуштите нервите и да го издржите притисокот. Тоа е момент кој го дефинира играчот, -истакна Енрике кој сепак се надева дека неговите избраници ќе ја завршат работата по 90 минути.

-Имаме јасна идеја. Не треба да доминираме со сите противници 90 минути. На Светското првенство ги имате најдобрите тимови, играте против врвни тренери и играчи, заклучи Лучо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни