Поврзете се со нас

Англија

Емери: Мартинез сега е фокусиран само на Астон Вила

Објавено

на

Екипата на Астон Вила ќе добие „засилување“ за продолжението од оваа сезона и тоа во името на Емилијано Мартинез кој пропушти неколку натпревари затоа што доби одмор по освоената титула со Аргентина на СП.

Сега сите прослави завршија, па Мартинез ќе може да им се посвети на клупските обврските.

-Имаше два дена тренинзи во петокот и саботата, а сега останатите тренинзи, така што мислам дека ќе биде подготвен по одморот и по емоциите од освојувањето на Светското првенство, -истакна тренерот Унаи Емери кој посочи дека ќе разговара со Емилијано кој се „прослави“ со своите потези по освоениот пехар со репрезентацијата во Катар.

-Ќе разговарам со него бидејќи сакам да ги контролира емоциите. Мора да имаме вредности, мора да внимаваме на нашето однесување кога сме заедно и кога играме против ривалски тим. Сега неговиот фокус е 100 проценти на Астон Вила.

Следен меч за клубот од Бирмингем е против Вулверхемптон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни