Поврзете се со нас

Лига Европа

Елмас со измешани чувства по поставениот италијански рекорд (Фото)

Објавено

на

Елиф Елмас стана играч кој го постигна најбрзиот гол во Лига Европа кога се во прашање италијанските екипи, но по средбата со Спартак Москва, македонскиот репрезентативец имаше измешани чувства и покрај рекордот.

Елмас успеа да ја затресе противничката мрежа по само 11 секунди игра, но неговиот гол не беше доволен од едноставна причина што Марио Руи заработи црвен картон и направи работите да бидат далеку потешки за домашниот тим.

Со играч повеќе на теренот, гостите од Русија направија пресврт и поведоа со 1:3, пред Осимен да постигне гол во судиското надополнување за конечни 2:3.

Наполи го претрпе првиот пораз на официјален меч во новата натпреварувачка сезона на натпреварот на кој Елмас постави италијански рекорд, па токму поради тоа, Македонецот со измешани чувства се јави на социјалните мрежи.

– Голема штета за натпреварот…. Но веднаш сме насочени кон следниот меч. Форца Наполи засекогаш, – порача Елмас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни