Поврзете се со нас

Италија

Елмас ја прослави големата победа над Рома (ФОТО)

Објавено

на

Составот на Наполи продолжува да „грми“ и забележа нова победа и тоа против Рома на „Олимпико“.

Наполитанците славеа со 1-0 и со вкупно 29 бода се број еден во Серија А или поточно по 11. рунди имаат плус три во однос на бранителот на трофејот Милан. Овој нов триумф кој беше обезбеден со одличниот погодок на Виктор Осимен во 80 минута донесе големо задоволство, среќа во таборот на гостите, па така нашиот репрезентативец Елиф Елмас објави една славеничка фотографија од соблекувалната.

Инаку Елиф на оваа средба доби поголема минутажа од тренерот Лучијано Спалети и беше активен од 57 минута кога го зазема местото на Н’Домбеле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни