Поврзете се со нас

Англија

Џерард пронајде идеално засилување за Ливерпул: Ќе отпатувам и ќе го вратам назад со мене

Објавено

на

Стивен Џерард посочи дека на Ливерпул му недостува играч за врска кој може да постигнува голови уште по поразот од Реал Мадрид во големото финале во Лигата на шампионите, а првиот дел од новата сезона покажа дека легендарниот капитен беше во право.

Стиви Џи тогаш говореше за играч кој може да одговори на позицијата „8“ и кој има квалитет да игра во одбрана и во напад, но ако тогаш не издвои ниту едно име, сега го посочи Џуд Белингем како идеално засилување за наредната натпреварувачка сезона.

Џерарад како денешен гостин на „Би-Ти Спорт“ не штедеше комплименти за фудбалерот на Борусија, за кој вели дека би отпатувал во Дортмунд и директно би го донел во Ливерпул за да му помогне на клубот.

– Белингем дефинитивно е играч кој го посакувам за Ливерпул. Јас сум огромен фан на Џуд, а на Ливерпул му недостасува играч со карактеристики на „8-ка“ кој може да стигне во противничкиот шеснаесетник и да постигне гол. Белингем ги покрива двата шеснаесетника.

– Се што треба да направи е да ми ги испрати својот дневен ред. Јас ќе отпатувам за Дортмунд, ќе го однесам на вечера и ќе го вратам назад во Ливерпул, – вели Џерард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни