Поврзете се со нас

Франција

Дугари со критики за Мбапе: Тој мора да биде лидер и пример…

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Пари Сен Жермен успеа да обезбеди пласман во нокаут фазата на Лигата на шампионите и тоа поради една причина, подобар меѓусебен учинок во битките со Милан кој исто групата Ф ја заврши со осум освоени бодови.

„Светците“ на гостувањето во Дортмунд губеа со 1-0 и ако останеше така тоа ќе беше елиминација и голем удар за ПСЖ кој веќе го години се обидува да дојде до пехарот во ова натпреварување.

Криштоф Дугари имаше што да каже за овој настап на ПСЖ, пред се за првата ѕвезда Килијан Мбапе кој според него не е вистински лидер и не го дава тоа што се очекува од него на теренот.

-Му замерувам поради неговиот став. Разбирам дека статистиката е важна за него. Знаеше дека тоа е натпревар каде што тој се очекуваше да се појави. Мораше да биде лидер на овој тим на ПСЖ и кога слушам „лидер“, слушам „примерен“. Неговите квалитети не се доведуваат во прашање, но примерот не е покажан. Тој е момче кое не се занимава со никаква одбранбена задача. Не се труди кога одбранбен играч ќе помине на три, четири, пет метри од него.

-Видов пасивен Мбапе. Тој само ги малтретираше соиграчите на крајот да се жалат. Сакам да му кажам дека тоа требало да го направи претходно. Не видов како ги притиска Зиле и Хумелс. Бев многу, многу разочаран од неговото однесување. Тој мора да сфати дека лидерот мора да даде пример и да се чувствува загрижен. Се сеќавам на Зизу. Кога го гледавте како се труди, толку многу трчаше, толку многу се брани, мораше да се движоте. Зизу беше колектив, тој е индивидуалист, -порача Дугари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни