Поврзете се со нас

Свет

Драма во Русија и нова маестрална партија на Нено: Димитријевиќ беше клучен во дерби победата над Зенит (Видео)

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Уникс Казањ го искористи киксо на ЦСКА Москва и повторно се осамостои на врвот во ВТБ лигата, а тоа го направи на најдраматичен можен начин на денешниот меч со Зенит од Санкт Петербург.

Ненад Димитријевиќ и соиграчите беа на пола минута од сигурен пораз на домашен терен, но двете промашени слободни фрлања во низа на Ертел при резултат 90:88 го оставија Уникс во игра.

Неочекуваните промашувања на Французинот беа казнети од Лавери кој погоди тројка за предност на Уникс од 91:90, а иако Зенит имаше завршен напад, не успеа да реализира и на крајот мораше да се помири со пораз.

Домашниот тим доби уште една драма во ВТБ лигата и останува прв на табелата, па иако клучната тројка ја постигна Лавери, играч на мечот беше Ненад Димитријевиќ.

Македонецот потврди дека игра во страшна форма и по третпат оваа сезона постигна над 30 поени во ВТБ лигата, или поточно, денеска постигна 32.

Покрај поените, Нено придодаде и со 5 скокови и 9 асистенции, па тоа го направи МВП на уште еден дерби напревар во руското натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни