НБА
Дончиќ за можниот кам-бек во Европа: Само еден клуб е во игра

Лука Дончиќ веќе пет години настапува во НБА лигата и тоа во редовите на Далас Маверикс тим со кој сега се подготвува за натпреварувачката 2023/2024.
Клубовите играат пријателски средби, а еден од ривалите на Далас е актуелниот европски шампион Реал Мадрид, дуел кој за Дончиќ е специјален со оглед на тоа што во шпанскиот великан се лансираше меѓу ѕвездите и ги направи чекорите кои му овозможија потоа да замине во НБА.
-Со нетрпение го очекувам овој натпревар со месеци и ќе биде еден од најпосебните мечеви во мојата кариера, можеби и најспецијален. Ќе биде навистина возбудливо и со нетрпение очекувам да излезам таму на теренот, -истакна Словенецот пред вечерашната средба.
-Немаше да бидам таму каде што сум сега да не беше Реал Мадрид. Овде научив сè: зборување, учење и играње кошарка. Би сакал да земам многу соиграчи со мене: Руди, Лул, тренерот, лекарот. Имам многу прекрасни спомени и среќен сум што се вратив. Ако еден ден се вратам во Европа, сигурен сум дека тоа ќе биде во Реал Мадрид. Тоа е 100 проценти, -додаде Лука со што јасно посочи кој е клубот за кого настапува ако еден ден се врати на стариот континент.
-
Италијапред 22 часа
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 17 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 16 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 9 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 22 часа
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Шпанијапред 19 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)