Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ пристигна со „тенк“ на последниот НБА меч и го привлече вниманието (Видео)

Објавено

на

Лука Дончиќ е голема НБА ѕвезда, но е познат и на јавнсота како голем љубител на автомобилите кој веќе има направено своја пристојна колекција.

Гаражата на Словенецот во Америка се полни од година во година, а последниот „ѕвер“ со кој се појави на натпреварот со Атланта посебно го привлече вниманието.

Станува збор за необичен автомобил со шест тркала кој во Америка го има добиено прекарот „тенк“, а причина за тоа е неговиот изглед.

Се работи за големиот автомобил Хелфајр Апокалипс кој се води како џип, а кој според проценките на „ТМЗ Спортс“, Дончиќ го чинел околу 300 илјади долари.

Појавувањето на Лука со „тенкот“ во „Американ Ерлајн“ центарот привлече огромно внимание и луѓето кои го снимаа веднаш заклучија дека пристигнал во салата како вистински Шеф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни