Поврзете се со нас

Италија

Добри вести за шампионот: Малдини и Масара ќе потпишат нови договори со Милан

Објавено

на

Директорите на Милан, Паоло Малдини и Фредерик Масара ќе ги продолжат своите договори со клубот информираа италијанските медиуми.

Според информациите двајцата ќе потпишат договори на две години со опција за уште една сезона. Обновувањето на соработката беше одложено поради промената на сопственоста на клубот.

Ова влијаеше на затварање на трансфер зделките на „росонерите“ кои ризикуваат да ги пропуштат двете големи цели – дефанзивецот Свен Ботман и играчот за врска Ренато Санчез, двајцата од Лил.

Малдини и Масара се дел од раководството на италијанскиот великан од летото 2019 година и имаат голем придонес за развојот и успесите на клубот во изминатите неколку години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни