Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ со страшен процент на реализација го водеше Уникс до нова победа

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Ненад Димитријевиќ игра извонредно добро во ВТБ лигата и традиционално го предводи својот Уникс Казањ со добри партии, но онаа што ја имаше денеска беше посебно страшна и сензационална.

Македонскиот репрезентативец имаше неверојатен процент на реализација, погоди 8 од 11 шута за два поени, а беше перфектен за три поени (еден од еден) и непогрешлив од линијата за слободни фрлања (пет од пет).

Феноменалното издание го заврши со 24 поени зад своето име и беше убедливо најдобар на паркетот, но притоа придодаде и со 7 скокови и со исто толку асистенции.

МВП изданието на Нено беше иницијална каписла за нова победа на Уникс, овојпат на гостински терен кај екипата на Астана со резултат 97:75.

Актуелниот шампион во ВТБ лигата во моментов е на второто место на табелата, бидејќи пред Димитријевиќ и соиграчите е тимот на ЦСКА Москва кој го води нашиот Емил Рајковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни