Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ се најде во тимот на неделата во ВТБ лигата (ФОТО)

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Најдобриот македонски кошаркарка, Ненад Димитријевиќ се најде во тимот на неделата во ВТБ лигата.

Димитријевиќ имаше супер квалитетно издание во триумфот на Уникс Казањ над Локомотив Кубањ, средба во која уфрли 22 поени со 2 скока и 7 асистенции, поточно дојде до индекс на корисност 25 што беше доволно да ја предводи најдобрата петка во ВТБ за периодот од 30 септември до 8 октомври.

Во одбраното друштво се уште Џекири од ЦСКА Москва, тим кој е предводен од нашиот стратег Емил Рајковиќ. Потоа тука се уште Брајс од Парма, Коновалов од МБА и Јанг од Руна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни