Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ и Уникс им се вратија на победите во ВТБ лигата

Објавено

на

Уникс Казањ на Ненад Димитријевиќ им се врати на победите во ВТБ лигата или поточно експресно беше заборавен поразот во дербито со ЦСКА Москва.

Избраниците на Перасовиќ го добија составот на МБА Москва со 87:78. Актуелниот првак губеше со 48:41 по првото полувреме, резултат кој донесе реакција на фаворитот во вториот дел особено во завршниот период кој беше реализиран со 28:19 за потврда на посакуваниот резултат.

Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ повторно беше двоцифрен, уфрли 16 поени со 4 скока и 2 асистенции, Кулагин додаде 17, а Грин 15 кошеви.

Во наредното коло Нено и другарите имаа гостински меч против Локомотив Кубањ.

Инаку претходно денеска ЦСКА предводена од нашиот стратег Емил Рајковиќ славеше над Нижни Новгорд со 74:72.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни