Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дибиров: Пред нас е ракометна класика, знаеме што не чека

Објавено

на

Ракометарите на Вардар утре се пред сериозен и тежок испит во Лигата на шампионите на домашен терен, бидејќи во Скопје ќе гостува тимот на Кјелце кој извонредно ја стартуваше новата сезона во најелитното натпреварување.

Тренерот Стевче Алушовски вчера нагласи дека клуч за добар резултат ќе биде цврстата игра во одбрана на Вардар, а иако очекува комплициран натпревар, со позитивни импресии се јави и еден од најискусните во нашиот табор, Тимур Дибиров.

Руското крило го нарече дуелот против Кјелце како ракометна класика, во која јасно е дека ќе има голема неизвесност и тешка битка на теренот.

– Натпреварите меѓу Вардар и Келце се ракометна класика. Овие дуели се секогаш неизвесни и навистина очекуваме така да биде и во Скопје. Повторно минавме период во кој немавме натпреварувачки ритам, но средбата против Флензбург покажа дека нема многу разлика во квалитетот и големо влијание неиграњето во одреден период.

– Кјелце важи за тим кој е многу незгоден и за кој најтешко е да се подготвуваш. Имаат креативни играчи како Карачиќ, Душеваев, имаат добри пикери, а секако и одличен тренер. Но, ние имаме нашата шанса, играме дома, ќе дадеме максимум во 60 минути и се надеваме дека ќе оствариме добар резултат. Верувам во нашиот ти, без разлика дали губиме или победуваме, на теренот секогаш излегуваме со самодоверба. Секогаш имаме шанси за победа и верувам дека и овојпат ќе биде исто, – нагласи Дибиров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни