Поврзете се со нас

Светски првенства

Ди Марија и Рами влегоа во „војна“ поради потезите на голманот Мартинез (Фото)

Објавено

на

Адил Рами како порашен светски шампион на Франција го крена гласот неколку дена по големото финале во Катар, посочувајќи дека е запрепастен од акциите кои ги преземал противничкиот голман за време на натпреварот, но и по крајот на истиот.

Емилијано Мартинез ги разбесни француските фудбалски фанови и претставници на Федерацијата со своите провокации и прикажа однесување кое не е долично за едно големо финале, па поради тоа, Рами заклучи дека популарниот Дибу е „најголемо ѓубре и најомразен играч во светскиот фудбал“.

Овој коментар на Рами пристигина пред неколку дена, но сега Ди Марија реши да ја реактивира темата и влезе во „војна“ со стоперот кој беше дел од францускиот тим пред четири години во Русија.

Рами: Мартинез е најголемото ѓубре во светскиот фудбал, најомразениот играч. Златната ракавица требаше да замине кај Боно.

Ди Марија: Дибу е најдобриот голман во светот. Оди да плачеш на друго место.

Рами: Анхел, ти сигурно можеш да ми покажеш како?, – гласи одговорот на Рами, прикажувајќи фотографии на кои Ди Марија плаче за време на фудбалски натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни