Поврзете се со нас

Европски првенства

Дешамп не сакал опуштање против Гибралтар: Водиме со 7-0, ама нема застанување…(ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Франција имаше неверојатно гол шоу во соочувањето со Гибралтар, победа од 14-0 со што „триколовите“ ја остварија најголемата победа во нивната историја.

Поранешниот светски шампион водеше со 7-0 на полувреме и иако можеби некој помисли дека ќе одиграат опуштено, рутински во вториот дел, тие го задржаа ритамот и со уште седум гола го дотепаа аутсајдерот.

Во оваа приказна свој удел имал и селекторот Дидие Дешамп кој на паузата им порачал на избраниците да не застануваат, да играат со иста одлучност која ќе им овозможи нов рекорд.

-Сите пофалби за првото полувреме. Да продолжиме во ист ритам во вториот дел. Нека бидат работите колку може поедноставни и кога можеме да постигнеме гол, тоа да го направиме. Водиме со 7-0 и нема застанување, сакам иста одлучност од сите и во продолжение. Рекордот на Франција е 10-0, во наш интерес е да го собориме, -им порачал Дешамп на фудбалерите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни