Поврзете се со нас

Светски првенства

Дешамп ироничен: Ќе го повторам она што го кажав пред финалето

Објавено

на

Дидие Дешамп смета дека Франција не ја искористила својата „мундијалска топка“ во 123-та минута од финалето, кога Коло Муани беше стопиран од страна на феноменалниот Емилијано Мартинез кој мајсторски спречи чист гол.

„Триколорите“ двапати се вратија во игра и фантастично одговорија на негативите од 2:0 и 3:2, но иако беа блиску до победа и одбрана на светската круна во самата завршница, на крајот загубија во пенал рулетот.

Дешамп се покажа како добар џентлмен и им честиташе на Аргентинците за освоената светска титула, но бил и ироничен за време на пресот по финалето, нагласувајќи дека „гаучосите“ одново имале среќа со селекцијата на главните судии (алудирајќи на спорниот пенал за водството од 1:0).

– Мора да се биде искрен, ние не бевме во мечот речиси 60 минути. Противникот покажа квалитет, агресија и повеќе желба. Ние не го покажавме тоа поради повеќе причини во првиот час, но и покрај се, успеавме да се вратиме и да направиме кам-бек. Бевме во лоша ситуација и се вративме, и затоа сега уште повеќе жалиме. Имавме мундијалска топка во последната минута од продолжението, но среќата не ни се насмевна.

– Да загубевме 2:0 или 3:0, ќе немаше зошто да жалиме, вака е потешко. На крајот, мора само да кажеме честитки до противникот. Мора да му се честита на овој аргентински тим кој покажа квалитет, агресија, но и лукавост. Добивме многу удари уште пред турнирот, но дури и со подмладен тим стигнавме до тука. Сонувавме да ја одбраниме титулата, но сонот не го материјализиравме.

– Судијата? Ќе беше подобро да не ме прашате за ова. Ќе бидам внимателен што кажувам. Тој судеше како што судеше, можеше да биде и полошо, но и многу подобро. Имаше одлуки кои отвораат дебати, но тоа е тоа. Пред финалето си дадов за право да кажам дека Аргентинците имаа среќа со судиите, па сега ќе го повторам истото. Не може да кажат дека се незадоволни од судиите. Сепак, не сакам да им одземам заслуга за освоената титула, тоа е сосема заслужено. Им честитам на сите Аргентинци за овој успех, – изјавил Дешамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни