Поврзете се со нас

Репрезентација

Денешниот ден е специјален: Гранде Пандев дебитираше за Македонија пред 20 години (ВИДЕО)

Објавено

на

Месец јуни е месец на кој националниот тим ќе испише нова историја, за првпат ќе настапи на голем настан и тоа Европско првенство каде ќе бидеме предводени од кој друг ако не големиот Горан Пандев.

Популарниот Гоче е на залезот на кариерата, ама понатаму е незаменлив во репрезентацијата и неговото искуство, знаење, квалитет ќе биде од огромно значење во пресметките со Австрија, Украина и Холандија во Букурешт и Амстердам.

Ама пред ЕП ќе одбележиме еден значаен јубилеј-две децении од дебитанскиот настап за Пандев за сениорската македонска репрезнетација.

Пред точно 20 години струмичанецот го забележа првиот настап во „црвено-жолтиот“ дрес и тоа против Турција во во квалификациите за СП 2002, дуел кој заврши без победник 3-3.

Севкупно досега Горан има одиграно 119 натпревари за Македонија и постигнато 37 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни