Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро за најавените две ѕвезди во Серија А: Тоа е одлично за италијанскиот фудбал

Објавено

на

Иконата на италијанскиот фудбал, Алесандро Дел Пјеро даде свој коментар за враќањето во Серија А на две ѕвезди во европскиот фудбал Пол Погба и Ромелу Лукаку.

Погба како слободен агент се очекува да се врати во Јувентус, додека пак Лукаку би требало од Челси да направи кам-бек на „Џузепе Меаца“ во редовите на Интер.

-Сега Премиер лигата е најдобриот фудбал што можете да го видите во однос на бројот на екипи кои можат да се претстават на високо ниво, па тоа што случуваше во Лигата на шампионите, во Лигата на Европа и како тие се претставија е одговорот.

-Тоа е поинаков вид на спорт во некои моменти. Изгледа во Премиер лигата повеќе трчаш, физички си посилен, поспектакуларен си. Не е баш така затоа што во Италија имаме вакво нешто, но Италија сега се мачи: националниот тим, а исто така и клубовите.

-Минатата сезона покаважве повеќе. Победата на Рома [во Лигата на конференциите на Европа] е добра надеж за иднината во европските натпреварувања. Така да Лукаку за Интер и Погба за Јуве би можеле да бидат одличен потег и за италијанскиот фудбал повторно да стане посилен и да е на добар глас особено во Лигата на шампионите, -порача Дел Пјеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни