Поврзете се со нас

СЕХА лига

Дејвис: На играчите почнаа да им влегуваат во глава моите замисли

Објавено

на

Вардар ја оправда фаворитската улога во домашното првенство и оствари сигурен триумф над Пролет, натпревар на кој тренерот Давид Дејвис виде доста подобри работи од непосакуваната премиера во СЕХА лигата.

„Црвено-црните“ загубија од Нексе на дебито на новиот тренер, кој сега е пред новиот предизвик во СЕХА лигата, односно гостувањето во Нови Сад кај тимот на Војводина.

Натпреварот се игра утре во 17:30 часот, а пред истиот, тренерот Дејвис ги искажа своите очекувања за средбата на која Вардар ќе ги брка првите бодови во новата СЕХА сезона.

– Мораме да играме многу подобро отколку со Нексе и да ги коригираме сите грешки. Против Пролет бевме подобри, но мораме да продолжиме со уште повеќе работа.

– Војводина е опасен тим, ги предводи Немања Прибак, дисциплниран тим, со добар голман и кога играат дома се незгоден ривал. Мораме да бидеме трпеливи, на играчите веќе им „влегува” во глава, знаат што треба и како треба да играме, одиме чекор по чекор и ќе биде подобро, – изјави Дејвис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни