Поврзете се со нас

Македонија

Давидовски со први импресии од Словачка по дводневниот тест на ПСС Рејсинг

Објавено

на

Виктор Давидовски имаше уште еден тест во пресрет на новата сезона во ТЦР Европа, откако минатиот месец возеше подготвителни сесии на Спа Франкоршамп, Нирбургринг и Зандворт.

Оваа седмица Давидовски и новиот клупски колега Франко Џиролами ја посетија патеката „Словакија-ринг“, која што е прва во календарот за 2021 година.

– Ги носевме двата автомобила и симулиравме една квалификациска сесија, бидејќи во тој сегмент имавме и очекуваме да имаме најмногу проблеми и оваа сезона. Тоа се должи на новите пневматици кои ќе бидат во ексклузивна употреба кај сите возачи, а според првичните карактеристики дефинитивно ќе бидат потврди од претходните. Поради временските околности, студено време и дожд, ги испробавме и новите гуми за дожд, кои се драматично потврди. Конфигурацијата на патеката со еден изразит правец и два мошне брзи свиоци, а веќе во Спа видовме дека нашето возило на вакви патеки не е најконкурентно. Во секој случај, сега сме подобро подготвени отколку кога би дошле тука без никаков тест и се надевам дека ова искуство ќе ни помогне за првата трка на стартот од сезоната, кој е планиран за 8 и 9 мај,- изјави Давидовски за „Дерби“.

ПСС Рејсинг и оваа година ќе биде единствениот македонски тим кој е пријавен за ТЦР Европа, а доаѓањето на Џиролами треба да биде поттик и за уште посилно претставување на Виктор Давидовски, кому ова му е четврта сезона во најсилното европско првенство, но лани поради пандемијата всушност настапи само на чифт трки поради ограничувањата за патување кои беа на сила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни