Свет
Давидовски со Топ 10 пласман во Португалија, емотивниот победник Џиролами му се заблагодари на Македонецот (Видео)

Виктор Давидовски обезбеди Топ 10 пласман со Ауди РС3 ЛМС на втората трка од ТЦР Европа викендот во Португалија, што значи дополнителен напредок во однос на вчерашниот настап, нови поени и нов „дијамантски“ трофеј во престижниот шампионат.
Давидовски дополнително напредуваше од единаесеттото место кое го освои на патеката и тоа откако стјуардите изрекоа неколку казни за дел од ривалите (3 секунди казна за Џек Јанг), што за него значи Топ 10 пласман во Португалија и нови 11 поени на своето конто.
Македонскиот возач позитивно одговори и на вториот предизвик на патеката Алгарве, но доби и огромни пофалби од колегата и денешен победник на трката, Франко Џиролами.
Актуелниот ТЦР Европа вицешампион и клупски колега на Давидовски со одлична трка стигна до првата победа сезонава и за него најдобар резултат зад воланот на Ауди.
– Големи честитки до мојот тим, до семејството Ауди и до мојот тимски колега. Виктор Давидовски ми помогна многу, ме натера да останам тука. Имав многу добар старт и искористив со маневарот од надворешноста. Знам дека Пепе Ориола нема да биде среќен од ваквиот епилог поради контактот. Сега одам дома, мојата сопруга треба да се породи утре, – изјави емотивниот Џиролами со солзи во очите.
Денешниот подиум го комплетираа Пепе Ориола и Том Коронел, а Давидовски исто како вчера се закити со „дијамантскиот“ трофеј, кој му се доделува на најдобриот возач на патеката на возраст од 40 или повеќе години.
-
Шпанијапред 6 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 9 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Македонијапред 3 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!