Поврзете се со нас

Македонија

Чупиќ: Имам само една желба која сакам да се оствари пред да си заминам од Скопје!

Објавено

на

Иван Чупиќ и дефинитивно си заминува од Вардар по крајот на актуелната сезона, но со оглед на тоа што искусниот Хрват е познат како огромен професионалец, неговиот план е максимално да ги одработи последните месеци, пред да каже „збогум“ од градот кој самиот вели дека го смета за свој втор дом.

Чупиќ мина незаборавни години во македонската престолнина и беше дел од двата тима кои ја освоија титулата во Лигата на шампионите, а со оглед на тоа што само се чека официјнална потврда за неговиот премин во ППД Загреб, сега и самото крило призна дека веќе се е подготвено и има само една желба пред да ја заврши својата етапа во Вардар.

– Не би сакал да говорам премногу за Загреб, наскоро ќе стигне официјално соопштение и дополнително ќе говориме за тоа. Засега нека остане на тоа, – изјави Чупиќ во интервјуто за „Јутарњи лист“ и додаде.

– Во февруари не чека пеколен распоред. Зборував со тренерот Алушовски и тој почна да ми го презентира календарот за февруари. Стигна до 15-ти и му реков дека е доста, не можам толку да запомнам. Најважен ми е секој следен натпревар, – вели Чупко кој за крај вели дека единствена желба е да се вратат фановите во „Јане Сандански“ и достојно како што доликува да се прости од нив.

– Имам една желба. Да ни се вратат навивачите кога ќе дојде крајот за мене, да можам да ги поздравам, да им се заблагодарам за незаборавните пет сезони во мојата кариера. Ми недостига тој ветар во грбот од навивачите. Навивачите на Вардар се мојата најсакана публика и ќе бидам нависитна тажен ако немам уште една шанса да им се заблагодарам за се, – потенцира Чупиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни