Поврзете се со нас

Македонија

Чичко Дончо се вклучи во акцијата, купи билет и порача: Да му помогнеме на Вардар, да ја воздигнеме Македонија!

Објавено

на

Foto:facebook.com/FKVardarSkopje

Навивачката група „Комити“ на секој начин се обидува да му помогне на Вардар, нашиот најтрофеен фудбалски клуб кој веќе некое време се соочува со проблеми, но и покрај сите препреки тој успеа да се врати во Првата македонска лига.

Во тек е акција во која сите навивачи можат да си набават сезонски билет кој чини 1000 денари и со истиот директно да му помогнат на тимот.

Легендарниот Андон Дончевски се вклучи во акцијата, набави билет и со тоа даде јасна поддршка.

-Да му помогнеме на Вардар, да ја воздигнеме Македонија. Ве поздравувам мои Комити, мои внуци, мои јунаци македонски, -порача чичко Дончо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни