Поврзете се со нас

Европски првенства

Чешка можеше само едно полувреме со моќната Данска, трите скандинавски селекции запишаа лесни победи

Објавено

на

Вечерната програма на Европското ракометно првенство беше резервирана за скандинавските селекции, три тима кои сигурно ќе атакуваат на највисок пласман на континенталниот турнир.

Сосема неочекувано, моќната Данска се мачеше против Чешка во првото полувреме и наиде на сериозен отпор, па откако одигра прескромно за свои стандарди и постигна само 9 гола за 30 минути, потоа покажа моќ во вториот дел.

Првото полувреме заврши 9:9 и можеше да се прочита незадоволство на лицата на Данците, кои потоа заиграа во свој препознатлив стил и на крајот славеа убедливо со 23:14.

Гранитната одбрана на Данците направи Чесите да постигнат само пет гола во вториот дел, што доволно говори каква моќ поседува Данска кога игра на највисоко ниво.

На останатите два меча, Норвешка беше убедлива против Полска со 32:21, додека Шведска ја надигра Босна со 29:20.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни