Поврзете се со нас

Шпанија

Чави ја откри главната цел на Барселона во оваа сезона: Тоа ќе му донесе стабилност на клубот

Објавено

на

Барселона има уште една клупска обврска до крајот на оваа календарска година-тоа е дуелот со градскиот ривал Еспањол закажан за 31 декември.

Каталонците заминаа на пауза (СП) со позицијата број еден во Ла Лига, место со која сакаат и да ја завршат 2022 година. Меѓутоа оваа амбиција, цел важи до крајот на актуелнава кампања и тоа го посочи тренерот Чави Ернандез кој на титулата во Примера гледа како приоритет број еден.

-Ла Лига е на врвот на нашите приоритети. Ние го имаме [шпанскиот] Суперкуп во јануари, а претстојат и Копа Дел Реј и Лигата на Европа, но лигата ја одбележува сезоната. Ако ја освоиме Ла Лига тоа ќе биде добра сезона. Ако го освоиме само Суперкупот, ќе останеме кратки. Сакаме да освоиме се, но Ла Лига ќе му даде стабилност на клубот и на проектот, -вели Чави кој и даде важност и на ЛЕ откако тимот потфрли во ЛШ.

-Ме лути што нема да ја слушам музиката од Лигата на шампионите, но Лигата на Европа е трофеј кој овој клуб го нема освоено, а ако одиме далеку, навивачите ќе бидат подготвени за тоа. Би потпишал за двојна титула Лига-Лига Европа! Клубот направи огромен напор во текот на летото, а ние мора да го поддржиме тоа на теренот. Притисокот во таа смисла е врз мене и го прифаќам. Свесен сум дека оваа сезона мора да освојуваме трофеи, -заклучи тренерот на составот од „Камп Ноу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни