Поврзете се со нас

Шпанија

Чави гневен: Побарав две работи во најавата за „Ел Класико“, не се оствари ниту една!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес остана задоволен од изданието на своите фудбалери и посочи дека Барселона заслужила да победи на „Сантијаго Бернабеу“, но затоа имаше само лоша критика за судиската четворка предводена од Сото Градо.

Тренерот на Барселона даде изјава за главниот арбитар уште во најавата за големото „Ел Класико“ дерби, а сега откако имаше некои одлуки кои не му се допаднаа, Чави не пропушти да нагласи дека неговиот тим бил оштетен со низа одлуки во корист на Реал.

– Се обидовме да направиме се што можевме, бевме добри и заслуживме да победиме против Реал. Заслуживме да победиме, но судијата немаше ниту една добра одлука. Ова што го видовме е вистински срам, не смееме да молчиме после вакви работи.

– Имам чувство дека ни беше нанесена голема неправда. Не сакам да залажувам никого, цел свет виде што се случи. Во најавата за дербито, ме прашавте што мислам за Сото Градо.

– Посакав да биде невидлив на теренот и да има точни одлуки. Не се оствари ниту една од двете работи кои ги побарав. Многу сум разочаран, ова е срамно за нас. Ла Лига сака да биде најдобра лига во светот, а нема гол технологија….. Уште во првото коло со Хетафе изјавив дека некои работи не ми мирисаат добро оваа сезона, а сега добивме потврда за тоа, – изјави гневниот Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни