Поврзете се со нас

Италија

Буфон за „бомбата“ која ја подготвува Јувентус: Ако дојде, тој ќе биде Марадона во Серија А!

Објавено

на

Џанлуиџи Буфон не се откажува и ќе остане фудбалски активен и на 45-годишна возраст, бидејќи веќе најави дека ќе го брани голот на Парма и во новата сезона.

Легендарниот италијански чувар на мрежата постојано го одложува своето фудбалско пензионирање, но истовремено е доста атрактивен за медиумите во родната земја, поготово кога говори за фудбалската елита и неговиот поранешен клуб Јувентус.

„Старата дама“ се поврзува со две сериозни имиња уште на стартот на летниот преоден рок, а ако се верува дека договорот со Пол Погба е договорен, ангажманот на Анхел Ди Марија се уште е доста неизвесен.

Според најавите, Јувентус и натаму е прв избор на аргентинското крило кое има 34 години, но кое се уште игра во врвна форма и тоа го покажа со последните настапи за Аргентина.

– Во овој момент, Ди Марија за Серија А е како Марадона. Дали сум доволно јасен што мислам? , – порачал Буфон во интервјуто за „Газета“ и додал.

– Во денешно време, за жал Серија А технички е доста позади останатите, а Анхел има толку многу техника и станува збор за клучен играч пред голот. Тој лесно ги дрибла противниците, асистира и трча горе-доле. Годините не се важни, важна е мотивацијата и страста. Ако Ди Марија му се приклучи на Јувентус, тоа ќе биде голема работа. Ќе повторам, за актуелниот квалитет во Серија А, тој ќе биде како Марадона, – заклучува Џиџи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни