Поврзете се со нас

Лига Европа

Бруно накратко ја анализираше Рома и порача: Време е да одиме чекор напред

Објавено

на

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш даде свое видување за тимот на Рома кој ќе биде следен противник на „ѓаволите“ во Лига Европа.

Италијанскиот тим ќе се испречи на Манчестер Јунајтед во полуфиналето, а Бруно истакна дека сега е време клубот да оди чекор напред и да се пласира во финалето откако лани беа запрени во полуфиналето од тимот на Севилја.

– Време е за следниот чекор, да победиме во полуфиналето, но пред тоа мора да се фокусираме и на лигашките натпревари.

– Рома е добро организирана во дефанзивата, а може да креира проблеми и во офанзивата. Некои од нивните играчи играле во Англија, знаеме што можат да направат. Но, ако ние одиграме како што знаеме ќе ги добиеме шансите да го добиеме двомечот, -изјави Бруно Фернандеш за „БиТи Спорт“ веднаш по натпреварот со Гранада.

Рома успеа да се пласира во полуфиналето откако издржа на „Олимпико“ и одигра нерешено со резултат 1:1 што беше доволно за да го елиминираат Ајакс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни