Поврзете се со нас

Македонија

Брера Струмица ќе има четири контролки во Банско

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Академија Пандев Брера Струмица полека ја комплетира првата фаза од подготовките за новата првенствена сезона, односно уште викендов ќе работи во Македонија по што од понеделин заминува во Банско, Бугарија.

Тука нашиот прволигаш ќе ги има главните подготовки во кои ќе бидат одиграни и четири пријателски натпревари почнувајќи од 12 јули каде за ривал ќе ја имаат Стеауа Букурешт, потоа на 17 јули следи меч со Теута, додека на 21 и 22 се закажани пресметките со репрезентацијата на Киргистан и Алтин Асир од Туркменистан.

Потоа следи враќање во Струмица каде ќе биде одигран уште еден контролен натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни