Поврзете се со нас

Европски првенства

Борозан по драматичната победа над Србија: Поздрав до сите хејтери и до господинот Милошевиќ

Објавено

на

Црна Гора остави извонреден впечаток на Европското првенство и покрај тоа што го заврши истото во воведната фаза, бидејќи пред победата над Србија, имаше два несреќни порази во тесни пресметки со Унгарија и Исланд.

Владо Шола се погрижи за извонредна хемија во црногорскиот тим и тоа добро се виде вчера на балканското дерби против Србија, кое на крајот им припадна на популарните „лавови“ со резултат 30:29.

Еден од најдобрите беше Вуко Борозан со шест голови и исто толку асистенции, а некогашниот бек на Вардар продолжи со контроверзното однесување и во ситуација кога се врати во селекцијата после речиси седум години.

Само за потсетување, Вуко на доста лош начин си замина и од Вардар и остана без слајвето на втората европска титула, па откако неговата Црна Гора победи над Србија, испратил поздрав за својто доскорашен тренер во Ловќен.

– Пред се, сакам да ги поздравам сите хејтери, само нека продолжат да ме плукаат. Би им порачал дека ќе бидам уште посилен во иднина. Поздрав и до господинот Перо Милошевиќ…. Бев должен да го кажам ова, – изјавил Борозан за црногорската телевизија по крајот на мечот.

Причината поради која го „поздрави“ Милошевиќ е ситуацијата од последниот натпервар на Ловќен во ЕХФ Европската лига, кога искусниит тренер влезе во расправија со Вуко и го извади од игра после само четири минути. Неколку дена после тоа, Борозан го раскина договорот со Ловќен и во моментов е без клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни