Поврзете се со нас

Англија

Бизарниот аут на Кајл Вокер ги изнасмеа фудбалските фанови (Видео)

Објавено

на

Манчестер Сити оствари победа над Челси откако Пеп Гвардиола направи четири измени на стартот на второто полувреме, а токму двајца играчи кои влегоа на теренот направија голема разлика во 63-та минута.

Комбинацијата меѓу Џек Грилиш и Ријад Марез вроди со плод и беше доволна за минимална победа во дербито, кое ќе се памети и по еден бизарен потег во првиот дел.

Кајл Вокер беше повлечен од игра на паузата меѓу двете полувремиња, но првите 45 минути беа доволни да се истакне со еден луд аут кој го изведе на „Стемфорд Бриџ“.

Десниот бек на Сити употреби прекумерна сила за да изведе аут, па за малку ќе настрадаше неговиот соиграч, Бернардо Силва.

Португалецот мораше да се наведне за да не доби удар во глава, а наместо акција за гостите, аутот се претвори во контра за Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни