Поврзете се со нас

Македонија

Битолчани се острат за дербито: За еден час „летнаа“ билетите за битката со Вардар

Објавено

на

Еурофарм Пелистер игра во одлична форма во оваа сезона, а добрите партии како во шампионатот така и во Европа ги кренаа на нозе ракометните фанови во Битола.

Најдобар доказ дека енергијата кај навивачите е на највисоко ниво е податокот дека билетите наменети за дербито против Вардар беа распродадени за само еден час. Цената на влезниците беа 200 денари тие веднаш беа „собрани“ од верните поддржувачи кои со нетрпение ја очекуваат среда и битката со вечниот ривал од Скопје.

Салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета со 50 проценти од капацитет за да бидат запазени сите протоколи.

Само за потсетување првото лигашно дерби им припадна на „црвено-црните“ со 29-25.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни