Поврзете се со нас

Македонија

Битолчанецот Алтипармаковски го засили нападот на Вардар

Објавено

на

Вардар има една и единствена цел до крајот на оваа сезона, а истата е да биде обезбеден опстанок во Првата македонска лига.

За тоа се потребни победи и што поголем број на бодови во втората полусезона која ќе стартува наредниот месец. Во меѓувреме екипите почнаа да се подготвуваат, да влечат потези на трансфер пазарот, па така кога е во прашање Вардар денеска беше официјализирано второто зимско засилување.

Нападот на „црвено-црните“ ќе биде посилен за 32-годишниот Марјан Алтипармаковски кој во новата средина доаѓа од Раднички Белград. Марјан е искусен играч кој многу добро ја знае домашната сцена на која има настапувано за Пелистер, Работнички, Струга и Брегалница од Штип.

Тој долги години играше и во странство во Србија, БиХ, Грција, Литванија, Албанија, Бугарија и Хрватска што значи дека Вардар дефинитивно добива играч кој може да помогне да се дојде до посакуваниот резулат.

Инаку претходно најтрофејниот македонски клуб го ангажираше и стоперот Дејан Ѓуриќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни