Поврзете се со нас

Шпанија

„Бисерот“ на Реал и се закани на Барселона: Мора да ги победиме по секоја цена

Објавено

на

Такефуша Кубо најави дека е посебно „наострен“ за Барселона со последната бравура која ја изрежира на тренингот, но наспроти залагањето на теренот, сега некогашниот член на „Ла Масија“ и отворено призна дека е навистина дополнително мотивиран пред дуелот со поранешниот клуб.

Фантастичниот јапонски суперталент игра на позајмица во Мајорка како член на Реал Мадрид, а големиот „бисер“ на клубот од шпанската престолнина сега отворено призна дека сака да му направи услуга на својот клуб во битката за титулата.

Мајорка утре на домашен терен ќе го пречека шпанскиот првак на „Сан Моиш“, натпревар кој според Кубо тој и неговите соиграчи мора да го добијат по секоја цена.

– Мора да ја победиме Барселона по секоја цена. Невозможно е да бидете немотивирани и без концентрација кога играте против лидерот на табелата.

– Не знам дали тие ќе бидат опуштени, но ние секако ќе бидеме концентрирани уште од првата минута. Од почетокот на тренинзите се подготвуваме за овој натпревар и посилни сме од денот кога отидовме на принудна пауза. Очекувам да оствариме добар резултат, – изјави Кубо за официјалната веб страна на Мајорка, тим кој води грчевита борба за опстанок, трка во која секој освоен бод ќе биде важен до крајот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни