Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бесниот Конте распали без влакна на јазикот и порача: Добив црвен картон бидејќи бев најпопуларен на теренот! (Видео)

Објавено

на

Антонио Конте не можеше да се соземе по поништениот гол на Тотенхем во 95-та минута од мечот со Спортинг Лисабон, а својот бес и разочарување не го криеше во микс-зоната, но подоцна и на прес-конференцијата.

Италијанскиот стручњак еуфорично го славеше голот на Хари Кејн кој мислеше дека е победнички и вреден осминафинале во Лигата на шампионите, но после долга проверка, МекКели го поништи истиот поради сугестија од ВАР собата.

Иако повторената снимка не даде јасна слика дека станува збор за офсајд ситуација, погодокот на Кејн беше поништен и мечот заврши 1:1, а притоа Антонио Конте заработи и црвен картон од холандскиот арбитар.

– Сметам дека топката беше пред Кејн и голот беше чист гол. Не ја сфаќам линијата која ја прикажаа на снимката. Навистина е многу тешко да се коментира оваа ситуација. ВАР прави голема штета, сакам да видам дали овој гол ќе го поништеа на некој голем стадион и на поголем тим. Сакам да знам дали ќе го направеа тоа.

– Ова е голема неправда, не сакам да бидам дел од вакви ситуации. Не гледам позитивни работи во ова. Што се однесува до црвениот картон, ми го покажа зошто јас бев најпопуларен на теренот. Сите играчи се нафрлија во тој момент, но јас бев тој што доби црвен картон, – изјави Конте, кој беше уште полут на пресот и побара од Тотенхем да бара одговори од водечките луѓе на УЕФА.

– Не треба да зборува само менаџерот, ова е голема, многу голема неправда. Луѓето од клубот треба да бараат објаснување за ова. Наместо да славиме пласман во осминафиналето, сега треба да чекаме да видиме што ќе направиме против Марсеј. Клубот мора да биде силен и да бара одговори, ова ни нанесе многу голема штета, – порача Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни