Поврзете се со нас

АТП

Беретини ги исплаши тениските фанови на мечот со Мари: Италијанецот за момент загуби свест на теренот (Видео)

Објавено

на

Матео Беретини остави навистина лош период зад себе кој беше исполнет со низа повреди, па враќањето за него е посебно тешко во услови какви што нуди турнирот во Мајами.

Топлото време и влажноста на воздухот веќе направија да видиме колабирање на Артур Казу во квалификациите, но сега видовме непријатен момент и на главниот турнир.

Беретини и Енди Мари одиграа меч во три сета и Британецот успеа да слави со пресврт, нешто што можеше и да се насети откако Италијанецот имаше непријатен момент во вториот сет.

Матео имаше проблеми да се справи со временските услови и за момент загуби свест додека сервираше при резултат 5:2, па со помош на рекетот некако успеа да се додржи на нозе и да не падне на земја.

Одговорните лица веднаш му укажаа помош и го мереа крвниот притисок, по што Матео реши да се врати на теренот и да го доигра мечот во кој загуби со 6:4, 3:6, 4:6.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни