Поврзете се со нас

Свет

Бензема за своите проблеми: Ова не е Реал Мадрид…….

Објавено

на

Foto:twitter.com/ittihad_en

Ал Итихад игра разочарувачки во сезоната во која ја брани титулата во Саудиска Арабија, но поради фамата која се крена за ангажманот на Карим Бензема, токму Французинот е оној кој трпи најмногу критики.

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид имаше неверојатни голгетерски бројки во Реал во последните неколку години на „Бернабеу“, но оваа сезона постигна само девет гола во Ал Итихад и тоа е премалку за негови стандарди.

Проблем за него е тоа што Саудијците постојано го критикуваат и го споредуваат со бројките на Кристијано Роналдо и Александар Митровиќ, кои пак до оваа фаза од сезоната постигнаа по 29, односно 22 погодоци.

Голем пех за Бензема од стартот на сезоната беше и фактот што имаше проблеми и со двајцата тренери (Нуно Санто и Галјардо), но според него, најголем проблем е тоа што во моментов не добива вистинска поддршка од соиграчите.

– Зошто се мачам со головите? Поради тоа што не сум во истиот клуб (Реал), не сум со истите играчи. Потребна ми е помош на теренот, не можам да победувам сам! Мојата иднина? Ќе видиме што ќе се случи, мојата цел до крајот на сезоната е да затворам добро со Ал Итихад, – им порачал Бензема на саудиските новинари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни