Поврзете се со нас

Англија

Бензема реагираше на последната објава на Халанд (Фото)

Објавено

на

Ерлинг Халанд вчера го постигна својот прв хет-трик во Премиер лигата и му овозможи на Манчестер Сити да се врати од голема негатива, а победата од 4:2 беше остварена најмногу поради брилијантноста на младиот Норвежанец.

Пеп Гвардиола не штедеше комплименти за Халанд по мечот, но и јавно му аплаудираше кога го извади од игра, но интересна е и реакцијата на играчот кој е главен фаворит за добивање на „Златната топка“.

Според сите параметри и прогнози, Карим Бензема треба да ја добие „Златната топка“ на крајот на оваа година, но очигледно и самиот Французин е свесен дека Ерлинг е предодреден за да биде најдобра светска „деветка“ во иднина.

– Не се потребни зборови, – гласеше објавата на Халанд, на која реагираше напаѓачот на Реал Мадрид.

Бензема реагираше со три емотикони за „пламен“, јасно илустрирајќи дека младиот голгетер вчера беше незадржлив за одбраната на Кристал Палас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни