Шпанија
Бејл за своето најголемо хоби: Не знам зошто луѓето имаат проблем со тоа, Кари го прави истото
Герет Бејл веќе долго време е дел од Реал Мадрид, тим со кој освои многу значајни титули во кои тој имаше голема улога, меѓутоа за Велшанецот секогаш има критики, се бара повеќе, односно впечаток е дека не добива доволни заслуги за тоа што го прави и досега го има направено за шпанскиот великан.
За Велшанецот се зборува дека не е доволно приврзан за клубот, за целите, а како причина за тоа е што не го говори шпанскиот јазик (барем јавно), но и фактот што постојано игра голф.
Навивачите на Реал дополнително збеснаа по банерот кој се појави по пласманот на Велс на ЕП (2020) во кој стоеше „Велс, голф, Реал“, по тој редослед“. Меѓутоа според Герет нема простор за паника и навивачите, јавноста да му се лутат што има такво хоби и навистина ужива во него.
-Многу луѓе имаат проблеми со мене поради тоа што играм голф. Не знам зошто. Многупати разговарав за тоа и сите мислат дека е добро, но особено во медиумите постои таквата перцепција дека треба да се одморам, дека тоа може да доведе до повреди.
-Ги гледам луѓето во САД, на пример Стеф Кари кој игра голф секое утро пред натпреварите. Овде јас игра на два дена пред мечот и тоа е како: „Што правиш?“, -вели Бејл чија што иднина е дефинитивно неизвесна на „Бернабеу“.
-
Македонија18 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија21 час
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија20 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Шпанија24 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Европски првенства19 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 119 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА23 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)
-
Свет14 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)