Поврзете се со нас

Светски првенства

Бејл со два потези демонстрираше како се режира контра од фудбалските учебници (Видео)

Објавено

на

Белгија успеа да направи пресврт и на полувреме замина со предност во пресметката против Велс, но сите фудбалски фанови на Твитер зборуваат за водечкиот гол на гостите.

Велс беше под постојан притисок во првите 45 минути, но единственото приближување кон голот кој го имаа Велшаните беше вистинско ремек-дело. Гостите предводени од Роберт Пејџ изведоа контра од фудбалските учебници, а во центарот на акцијата се најде Герет Бејл.

Главната ѕвезда на Велс со два потези покажа како фудбалот може да биде едноставна игра, бидејќи со првото проигрување ја отвори акцијата, а со второто, исто така на прва, ја подели конечната асистенција пред да погоди Вилсон за 0:1 во 10-та минута.

Во продолжение, Кевин Де Брујне брзо одговори за 1:1, а Торган Азар погоди за 2:1 за „црвените ѓаволи“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни